Дали би го носеле детето на работно место секој ден?

0

Не знам во која животна улога сте во моментов, но дали сте размислувале ако имате дете да имате слобода да го носите на работното место кога ќе имате потреба? Верувам дека мајките ќе одговорат веднаш “да”. Едно истражување на оваа тема покажало дека ова е од големо значење и за родителот и за детето, посебно ако станува збор за бебе до 6 месеци. Ако пак зборуваме за мајка која се уште го дои, во тој случај значењето се зголемува уште повеќе. Првите шест месеци се од круцијaлно значење за родителите и децата бидејќи тогаш се создава основната врска меѓу нив, а мозокот на детето се развива на здрав начин.

babies-at-work-pic

Во Вашингтон е донесен нов закон со кој се дозволува бебе на возраст од 6 недели се додека не наполни шест месеци, родителите имаат право да го носат на работното место секој ден, доколку чувствуваат потреба за тоа.

Сигурно ова е олеснителна околност на за родителите кои немаат избор околу чувањето на децата. Градинките работат до 17 часот, а има луѓе кои работат и до подоцна. Опција која многу би им помогнала на родителите денес со оглед на работното време кое понекогаш трае и цел ден. На оваа тема решивме да ги прашаме и двете страни, односно работодавци и вработени, што мислат и дали доколку имаат опција би ја искористиле.

babies at work

Милена Ивановска, сопственичка на приватна фирма вели:

“Доколку не се нарушуваат условите за работа, носењето на децата на работа е дозволиво. Иако, свесни сме дека на децата не им е забавно кога се на работа кај родителите, и секако не е пожелно да отседат цели 8 работни часа во една просторија, сепак сметам дека одвреме-навреме доаѓањето на детето на работното место на родителот е пожелно. Детето ќе го запознае својот родител во поинакво светло, авторитетот и способностите кои родителот ги поседува, но и ќе има можност да се соочи со одговорноста на возрасните. Секако, задолжително е на детето претходно дома да му се објасни сериозноста на работата и како тоа треба да се однесува. Јас, како мала имав можност често да одам кај мојата мајка на работа и од таму научив многу работи. Прво, ја запознав мајка ми, нејзиниот однос со колегите, нејзината посветеност на работата и одговорноста на која подоцна ме научи”.

Одговор кој ќе ве натера д размуслите ако досега сте го имале спротивниот став, и како родител и како надреден. Нависитна е од голема важност врската меѓу родителите и децата и таа не треба да остане само на првите шест месеци. Детето додека расте постојано учи за светото околу себе, за родителите, сестрите, браќата, луѓето и сосема е во ред да ја запознае работната средина на своите родители.

20agneshodgemain

Ивана, 32, мајка на две деца:

“Дали би ги носела децата на работа? Хммм…да ако ми дозволи шефот.Не двете наеднаш секако, затоа што ќе треба да сработам нешто, но дефинитивно би ми било полесно. Да имав опција кога беа бебиња, бидејќи ги доев, ќе сакав да можам тоа и на работа да го правам, за да не морам да излегувам, да одам до дома или да ми ги носат на работно место. Плус, нема да има потреба од дополнително ангажирање на баби и дедовци за чување”.

Уште една вистина е дека се се сведува на личен избор на родителот ако постои право на избор секако. Не мора сите мерки да бидат преземени откако ќе се донесе закон за тоа. Доколку сопственикот на фримата во која работите има разбирање и ќе се согласи на ваква одлука. А вие секогаш можете да предложите промени на местото каде што сте вработени, нели?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.