Дали би биле во врска со некој што не е ваш тип

0

Повеќето луѓе во главата создаваат слика за тоа каков би требал да биде нивниот партнер – некои мажи сакаат русокоси жени, некои жени „паѓаат“ на мускулести мажи, некои мажи сакаат нежни жени со убави манири, а некои жени обожаваат мажи кои имаат романтична страна.

Каков и да е вашиот идеално замислен тип, многу е веројатно дека нема да бидете среќни во врска со токму таква личност.

Многу често се случува оние за коишто мислиме дека се како создадени за нас да не ни ја будат страста кога ќе се впуштиме во врска со нив.

Зошто тогаш да не се обидете со нешто сосема спротивно? Да, физичкиот изглед е важен за многумина, ама дајте ѝ/му шанса и на некој што не ви се допаѓа. Не мора покрај себе да ја имате Адријана Лима или Џорџ Клуни за да бидете среќни.

Не ги отфрлајте луѓето веднаш и не се однесувајте кон нив како да се лица со понизок статус од вас.

Доволно е да поминете со нив некое време за да сфатите дали ви се допаѓаат или не, дали ви одговараат карактерно и дали можете да се впуштите во вистинска врска со нив, знаете, врска што ќе има иднина.

Не се врзувајте за еден тип. Не мора сите поранешни да ви бидат идентични – долги нозе, големи гради, руса коса и сини очи. Ако ова не ве задржало покрај неколку такви жени, тогаш зошто не се обидете да влезете во врска со жена што ќе направи да ви затрепери телото, дури и ако таа физички не одговара на вашиот „сон“?

Сте се запрашале ли дали може да биде добра врската со некој што е спротивен на тоа што го сакате? Одговорот е ДА, колку и да ви звучи неверојатно.

Дајте му шанса и некому кој воопшто не се „вклопува“ во сликата за „ваш тип“. Можеби еден ден ќе се разбудите со помислата дека веќе десет години сте во брак. И тоа среќен. Со некој за кого никогаш не сте мислеле дека може да ви го задржи вниманието.

Излезете од сопствените рамки, погледнете подалеку, пошироко… Не одбивајте некого пред да му дадете шанса. На крајот на денот таа/тој што не е ваш тип, всушност, можеби е токму некој како создаден за вас.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.