Дали антибактериските сапуни се штетни?

0

Веќе со години, научниците сметаат дека штетата од антибактериските сапуни е поголема од нивната корист, но, многумина од нас не знаат на кој начин овие хигиенски препарати можат да му наштетат на нашето здравје.

Најнапред, треба да се направи разлика помеѓу обичните и антибактериските сапуни.

Многу течни сапуни кои се промовираат како „антибактериски“ ја имаат состојката триклосан, синтетичко соединение кое е антисептик, но истовремено се користи и како пестицид.

Од неговото создавање во 1972. година, триклосанот има широка примена, не само во сапуните туку и во средставата за дезинфекција на медицинската опрема.

Разни студии покажале дека ова соединение ги убива бактериите на рацете, но последнава година, научниците сугерираат дека бактериите стануваат се поотпорни на триклосанот. Под негово влијание, бактериите дури и мутираат, па стануваат отпорни и на медикаментите.

Триклосанот исто така влијае и на животната средина, на заедницата на алги и корисните бактерии во природата бидејќи одамна тој е главна состојка на многу препарати за заштита на билките.

Последните европски студии сугерираат дека триклосанот во последно време наместо на уништување влијае на создавање на бактериите и тоа на штетен начин за човекот.

Во Европската Унија, од пред некое време строго забранета е употребата на триклосан во сите производи кои може да имаат допир со храната, во хигиенските и козметичките препарати, а Министерството за здравство на Канада најави сличен потег.

Научниците советуваат дека правилното миење на рацете со обичен сапун е подобро отколку миење на рацете со сапун чија главна состојка е триклосанот и препорачуваат дека од големо значење е да ги читате декларациите со состојки на течните и тврдите сапуни за да го избегнете ова штетно соединение.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.