Дајте им нова намена на старите предмети во домот

0

Сите ние имаме барем по едно парче мебел во домот кое повеќе не го употребуваме. Но, тоа не значи дека треба да ги фрлиме сите работи кои веќе ја немаат својата функција и естетика што ја имале на почетокот. Едноставно, на многу стари нешта може да им дадеме нова намена и тие повторно да стана функционални, да делуваат примамливо за око и да внесат свежина во домот, на балконот или во градината.

На пример, старите чинии, пластични или стаклени кои веќе не сакаме да ги гледаме во кујната, можеме да ги употребиме како саксии или вазни за цвеќе.

stari-predmeti-so-nova-namena (5)

Од старата каде може да направите клупа за во дворот, ви треба само малку имагинација.

stari-predmeti-so-nova-namena (5)

Вратите кои ги извадовте кога реновиравте и ги променивте со нови, употребете ги во дворот и направете им интересна куќичка на вашите најмили во која ќе може да си играат.

stari-predmeti-so-nova-namena (5)

Чантите на кои веќе им поминала модата употребете ги во градината.

stari-predmeti-so-nova-namena (6)

Старото тркало од велосипед со додавање на механизам може да стане стилки часовник за вашиот модернистички дом.

stari-predmeti-so-nova-namena (6)

Направете си нова клуб масичка. Сè што ви треба се пелети и стакло.

stari-predmeti-so-nova-namena (6)

Старите шолји можат да бидат нови свеќници.

stari-predmeti-so-nova-namena (7)

Пијаното кое е надвор од функција пренаменете го во маса.

stari-predmeti-so-nova-namena (8)

Старите тениски рекети можат да послужат како рамки за огледала во влезот, но и како закачалки.

stari-predmeti-so-nova-namena (9)

Имајте уникатен лустер, направен од буре за вино.

stari-predmeti-so-nova-namena (10)

Или фотељи од стари автомобилски гуми.

stari-predmeti-so-nova-namena (11)

 Старите тегли кои ќе ги наполните со декоративни камчиња и ќе им ставите свеќи ќе бидат идеално светло за вашата тераса.

stari-predmeti-so-nova-namena (13)

Направете си столна ламба од стар вентилатор.

stari-predmeti-so-nova-namena (14)

Фуролите за гитари или виолончела можат повторно да бидат функционални, овој пат како полици.

stari-predmeti-so-nova-namena (15)

Старите лимени канти со малку фантазија може да бидат украсни столчиња за во дворот. 

stari-predmeti-so-nova-namena (17)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот