Да заборавиме малку на шминката

0

Секоја жена сака да изгледа убаво во секоја ситуација – убаво нашминкани очи, црвен кармин и пудра за совршен тен можат да направат чуда.

Меѓутоа, постојат мигови кога можете да се чувствувате прекрасно и без грам шминка.

Освен што на кожата ѝ треба одмор и освежување, и следниве 10 причини ќе ви кажат зошто треба да ја избегнувате…

1. Сакате да постигнете изглед „smokey eyes“? Понекогаш може да се случи наместо да постигнете благо „зачаден“ изглед, да оставите впечаток како да сте излегле од пожар. А тоа не го сакате.

2. Наутро ќе се нашминкате и задоволна се погледнувате во огледалото и одите на работа. Но дали се погледнувате во огледалото и пред да си заминете од работното место? Како ви се допаѓа тој изглед?

3. Дали некогаш сте се обиделе да се нашминкате во автомобил или автобус пред да стигнете на работа? Да тоа е речиси невозможно. Тоа е знак воопшто да не го правите тоа кога веќе сте тргнале без шминка од дома и така да си останете цел ден.

4. Без оглед колку сте вешта во нанесувањето маскара, залепени трепки или грутчиња се скоро неизбежни.

5. Кога се враќате дома од работа се чувствувате преморено. Нели попрво би се испружиле на креветот отколку 10 минути да ја вадите шминката?

6. Нели би ви било попријатно наутро да поспиете 15-20 минути подолго отколку да станете порано за да имате време да се нашминкате?

7. Мажите навистина не ги интересира дали сте нашминкана или не. Некои дури не го ни забележуваат тоа.

8. Aко мажот ја забележи вашата шминка, тогаш тоа не е добар знак – или сте претерале или навистина не ви прилега.

9. Шминката е навистина скапа. Пресматејте колку пари трошите на неа и во што би можеле да ги инвестирате тие пари. Ако го прескокнувате шминкањето почесто, ќе заштедите.

10. Нема ништо поубаво од внимателно и детално исчистена кожа, на која сте нанеле само хидрантен крем – миризлива и мека.

Верувајте во себе и во својата природна убавина.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.