Да го одбележиме Денот на жената во „Електра Гарден“

0

Осми март е Меѓународниот ден на жената. Тоа е ден кога се одбележува правото на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Со текот на годините, овој ден почна и да се одбележува со прослави каде во центарот на вниманието се токму жените.

Секоја компанија на осми март подготвува подароци за жените вработени таму, а многу често прославата од канцеларискиот простор се префрла во убава атмосфера, во ресторан каде навистина ќе се почувствуваат посебно.

Оваа година, ресторанот „Електра Гарден“ има подготвено специјална програма која вклучува одлична музика, храна и атмосфера како што долкува на еден ваков празник.

Во зимскиот ресторан очекувајте убаво музичко изненадување, а во салата за свадби, настан со подготвено мени за вечер која нема да ја заборавите.

Направете оваа година Денот на жената да биде посебен, бидете дел од атмосферата во „Електра Гарден“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.