Д-р Ранко Рајовиќ: 5 грешки на родителите кои го успоруваат развојот на интелигенцијата кај детето

0

Познатиот Д-р Рајовиќ, специјалист за рано поттикнување на детска интелигенција, објаснува кои грешки на родителите влијаат негативно врз природниот развој на интелигенцијата кај детето.

Родителите иако имаат најдобра намера, често прават грешки кои може лошо да влијаат врз развојот на интелигенцијата на детето.

„Интелигенцијата не е наследна, она што се наследува е потенцијалнот кој треба да се активира, а во таа смисла најважна е стимулацијата во првите години од животот на детето, додека најголемо влијание на него имаат токму родителите.“ -вели Д-р Ранко Рајовиќ, автор на НТЦ системот за учење кој се применува во детски градинки и училишта во 14 држави во Европа.

Поврзана содржина: Д-р Ранко Рајовиќ ве предупредува: Зошто децата денес, седат, молчат и се плашат од топка!

Во прилог погледнете кои грешки на родителите, според Д-р Рајовиќ може негативно да влијаат врз развојот на детската интелигенција…

1. Розева/сина соба
Бебињата во првиот месец од својот живот имаат заматен вид, како да имаат диоптер +20 и забележуваат само силни контрасти. Наместо еднолични, розеви или сини ентериери, во детската соба би требало бар во тој период да има темни завеси или тапети кои ќе го создадат тој контраст.


2. Спречување игрaње на подот
Додека детето лази, со рацете се потпира нна подот, а тој притисок на дланката активира одредени делови во мозокот кои се важни за понатамошна интелигенција. Некои родители не дозволуваат детето да си игра на под, не сакаат да се извалка или со рацете да внесе во уста нешто валкано што ќе најде на под. Но, фазата на лазење е многу кратка и ако тогаш не се случи специфична стимулација на дланката, се пропушта добра можност за развој на мозокот.

3. Забрана за скокање на креветот
Невроните кои не работат умираат, а токму невроните природно го поттикнуваат детето да скокне. Секој скок го поместува центарот на гравитација лево или десно, а потоа детето мора да ги активира сите мускули за да одржи рамнотежа кога се враќа на нозете, а управувањето со тоа е активност на мозокот.


„Наместо да му забраните на детето да скока, внимавајте да скока безбедно. А ако навистина сакате да го поттикнете развојот на интелигенцијата кај детето, подарете му брат или сестра, бидејќи едно дете ќе скока 5 минути, а две ќе скокаат 5 часа.“ -препорачува Д-р Рајовиќ, кој напоменува дека слично на скокањето делува и вртењето во круг.

4. Возење во количка, наместо одење
Одењето е многу важно за развојот на мозокот, а многу родители денес почесто ги возат децата во количка до 4та или 5та година. Покрај влијанието на когнитивниот развој, долгото туркање на децата во количка доведува до појава на рамно стапало, кое денес е случај кај 70% од децата. Секако децата треба што повеќе да се движат, а идеално е кога има услови за тоа, да одат боси.

5. Предолго миксирана храна / каша
Детето почнува со џвакање од 6тиот месец, а до 18 месеци треба да премине од кашичка на цврста храна. Важно е да џвака, храната да не се дроби на ситни парчиња, бидејќи џвакањето, според Д-р Рајовиќ, ги чисти забите, го активира јазикот, па така и говорот подобро ќе се развие. Исто така, важно е за имунитетот.

Сепак, дури и ако родителот направил дел од овие нешта во првите години, тие се уште можат да го поттикнат развојот на интелигенцијата во предучилишна или училишна возраст, со помош на различни вежби и игри.

Извор: yumama.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.