Чувството при отказ

0

Живееме во време кога економијата не е на страна на потрошувачот и самата помисла на отказ е застрашувачка. Секојдневно не бомбардираат со информации за стапката на невработеност во Македонија која минатата година изнесуваше 27,9 проценти според Заводот за статистика. Но, на обичниот човек не му се важни статистичките бројки туку реалната сума која ја добива на крај на месец. Во моментот на потпишување на отказно решение првата работа која му паѓа на ум е „како ќе успевам да живеам без каков било месечен прилив на пари“ .

download (5)

Сања е 33 – годишна девојка од Скопје на која решение со отказен рок од две недели и било врачено откако претходно била повикана на разговор за унапредување на позицијата во маректинг фирма.

Ми беше изненадување бидејќи очекував нова позиција во фирмата. Тешко беше да се помирам со фактот дека после 15 години активна работа треба да седам дома и да зависам од некој друг. За среќа, претходните ангажамни ми донесоа познанства кои ги искористив да најдам нова работа. Не беше брзо после отказот меѓутоа се снајдов и сега сум посреќна со новата позиција – вели Сања.

Уште еден пример од секојдневието е Марија, која била вработена во приватна фирма од Скопје. Таа работела две години за последната фирма кога повторно неочекувано и го врачиле отказот.

Бев повикана во канцеларијата на директорот и ми беше кажано дека фирмата нема пари да ме плаќа. Го потпишав отказното решение и мирно си заминав. Не бев едниствена, тој ден беа отпуштени многу мои колеги. Шокот дојде после две недели кога сфатив дека треба да зависам од моите родители уште еднаш во животот. Се изборив со тоа и сега најдов нова работа – раскажува Марија.

Овие две девојки се само дел од плејадата млади луѓе кои секојдневно се борат со невработноста и стравот кој го носи истата. Несигурноста од следниот ден, депресијата, тагата, лутината се само дел од емоциите кои ги чувствуваат луѓето и бараат начин да се справат со сето тоа.

На оваа тема Psiholgy Today има многу корисни совети како да се изборите со периодот кој следи по отказот.

Избегнете ја паниката

Паниката само ќе ја влоши ситуацијата. Никој не може да донесе квалитетна одлука ако е во паника, а добрите шанси ќе ги пропуштите само заради тоа што паника ве обзела.

Избегнете ја излоцаијата

Рането животно сака да биде во изoлација кога е повредено за да си ги излиже раните и да му помине. Луѓето го прават истото кога се повредени, се повлекуваат во себе и тоа е во ред се додека не трае предлого. Искористете го периодот додека сте сами да си расчистите со себе и да си ги дефинирате понатамошните цели. Обновете ги врските со пријателите од минатот и зајакнете ги постоечките со сегашните пријатели и семејството.

Не дозволувајте негативните емоции да ве обземат

Во ред е да имате негативни емоции, дури е и здраво да се изразат, никако да ве обземат целосно. Гневот, огорченоста и тагата се појавуваат речиси кај сите луѓе кои искусиле отказ во животот. Но фокусот на овие негативни чувства може да ве одведе во погрешна насока и да ги пропуштите шансите кои ќе ви излезат во пресрет. А секогаш излегуваат, верувајте!

Не бидете крути во понатамошниот избор

На пример, можеби во моментот не ви се чини паметно да прифатите привремена работа, но ако ситуацијата со пари е критична тогаш решението е идеално. Плус, привремените проекти некогаш отвораат многу повеќе можности за понатаму.

Избегнете го размислувањето кое почнува со „а што ако“

Минатото не е место каде вашиот ум треба да биде. „А што ако“ прашањето е невозможно да биде одговорено во таа фаза од животот. Ако парите не се жарлива тема, тогаш отказот е идеално решение за решавање на други моменти од вашиот живот како на пример, патувања, брак, семејство, деца, повисоко образование или пак волонтерски активости кои можеби ќе ве исполнат.

Немојте да бидете летаргични и инертни

Лесно е да станеш инертен кога си во депресија. Направете сè што е во ваша моќ да ја избегнете оваа состојба. Почнете да вежбате и да се активирате на други полиња. Вежбањето креира нова енергија која ве тера да се чувствувате позитивно.

Избегнувајте да бидете сами

Ако ниедна од горенаведените опции не функционира тогаш никако немојте да останувате сами. Зборувајте со вашите блиски за емотивната состојба, за чувствата кои доминираат. Полесно е кога ќе кажете. И на крајот, не се плашете и не се срамете да побарате професионална помош.

Сега е време да го погледнете вашето CV, да го „дотерате“, да ставите нова фотографија од вас и да почнете да го праќате на огласи за работни места. А може да го пратите и некаде каде што се уште нема слободно место, којзнае можеби во моментот кога ќе се ослободи ќе ја земат предвид токму вашата професионална биографија, а вие неочекувано ќе ја добиете работата од сонишатата.