Чукни во дрво… чукни три пати

0

Се сметате ли за суеверна личност? Дали одите три чекори наназад ако црна мачка во го пресече патот? Дали поплукувате три пати ако некој ви каже нешто лошо? Фрлате ли сол преку рамо? Чукате ли во дрво?

Ова го прават сите. Или го направиле барем еднаш во животот, без исклучок. Ваквото суеверие се користи кога веруваме дека имаме среќа, кога за таа среќа зборуваме на глас, па со чукањето во дрво се трудиме да ја задржиме, односно да не ја избркаме или да му дадеме некому шанса да нè „урочи“.

Чукањето во дрво е едно од најстарите суеверија во светот. Не се знае од кога постои, кои народи го користеле први, но едно е сигурно – го користат скоро сите луѓе на овие простори.

Многумина сметаат дека е паганство и ерес, но тоа не ги одвраќа од мислата повремено и самите да чукнат во дрво против лошата среќа.

Кога се чука во дрво, тоа секогаш се прави три пати – првиот пат се за привлекување внимание, вториот е за да се побара помош, а третиот е во знак на благодарност.

Чукањето во дрво во различни култури

Во Индонезија, кога ќе слушнат дека некој зборува лоши работи, луѓето чукаат во дрво за лошата среќа да не се пренесе и на нив.

Во Малезија кога некој ќе слушне друг како зборува лоши работи не чука во дрво, туку во своето чело… три пати.

Во Италија луѓето чукаат во дрво кога ќе видат погребник или нешто поврзано со смрт.

Во Египет се чука во дрво кога сакате да ви се врати добрата среќа што веќе ја немате.

Во Англија се чука во дрво за да се избрка злото. Исто и во Бугарија.

И во Русија и Полска се чука во дрво за да се задржи добрата среќа, но и да се избрка несреќата.

Во Чешка, луѓето чукаат во заби.

Во Турција не чукаат во дрво, туку се тегнат за уво за да ја избркаат лошата среќа.

 

И да, знаете дека е само празно суеверие, но признајте, верувате во неговата моќ и добрата среќа што може да потрае потоа.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот