Црвен картон за секој понеделник!

0

Замисли, како би било животот да беше налик на фудбалски натпревар, а ти судија…

На кого би му дал црвен картон? На соседот чиј омилен звук му е оној од бор-машината, на колешката која секој ден од месецот е во ПМС, на твојата тешта која сè знае и умее?

Јас да бев судија, би му дала црвен картон на денешниов понеделник. И на секој нареден.

Црвен картон за секој понеделник оти тогаш алармот е најгласен, најупорен, најздодевен, те влечка надвор од удобната постела, ама буквално ти се гади од него.

Црвен картон за секој понеделник затоа што прави викендот да изгледа толку кратко, толку недоволно!

Црвен картон за секој понеделник затоа што како по некое непишано правило секогаш во понеделник имаме најмногу трошоци, па потоа, цела недела ни е во знакот на трошење. Да го немаше понеделникот, ќе заштедевме!

Црвен картон за секој понеделник затоа што неговите 24 часа ни се гледаат како 34. Некогаш и како 54!

Црвен картон за секој понеделник затоа што добиваме нови обврски, нови одговорности, нов стрес…

И уште еден црвен, бидејќи понеделник е ден за Марфи, па келнерот ќе ни донесе погрешно кафе, кифлата која ќе ја купиме за појадок ќе биде од завчера, ќе направиме дамка на белата кошула со сок или кафе, ќе го заборавиме дома полначот за телефонот, банкоматот по грешка ќе ни ја голтне картичката, телефонот упорно ќе ѕвоне додека батеријата живее, ќе ни се скрши штиклата, ќе сфатиме дека немаме доволно бензин во автомобилот… Да, уште еден понеделник кој едвај чекаме да помине.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

 

Остави коментар