CR & S моторцикли – направени според вкусот на Џорџ Клуни и Бред Пит

0

CR & S е италијанска компанија со седиште во Милано, во која неколку врвни и талентирани експерти градат лимитиран број на моторцикли или по нарачка. Кратенката CR & S стои за Café Racers & Superbikes.

Duu CR&S
Во моментот, компанијата произведува два модела, на кој секој дел може да биде направен според побарувачката на клиентот. Едниот модел се вика “Vun” што значи „еден“ на миланскиот дијалект и ја отсликува уникатноста на моделот и моторот со еден цилиндар на кој работи.
Другиот модел е “Duu”. Што значи „два“. Овој модел е поделен на две верзии deperlu и conlatusa. Двоцилиндричниот мотор на овој модел беше промовиран во Милано во 2009 година.
Овој проект е реализиран од Roberto Crepaldi и дизајниран од Donato Cannatello.
Футуристичкиот дизајн на CR & S моторите привлекува многу славни клиенти, меѓу кои се и Brad Pitt и George Clooney.

crs-vun-track-evoluzion-2010-1
crs-vun-sidecar-8