Црниот хумор е знак на интелигенција

0

Постојат луѓе кои уживаат во црниот хумор. Има и такви кои не го разбираат. Но, едно скорешно испитување спроведено на 156 испитаници покажало дека црниот хумор е поврзан со интелигенцијата.

Информацијата ја пренесе списанието „Science Alert“, а врз база на резултатите добиени од испитувањето на научниците од Универзитетот за медицина во Виена.

Тие барале нивните испитаници да подредат 12 цртежи на кои бил прикажан црн хумор и тоа да го направат според тоа колку ги разбрале сликите и колку уживале во нив. Сликите, пак, биле земени од книгата „The Black Book“ на германскиот карикатурист Ули Штајн. Откако ги рангирале цртежите, испитаниците одговарале на прашања поврзани со нивното потекло. На крајот сите учесници биле поделени на три групи, а најдобри резултати на тестовите за интелигенција покажале токму оние луѓе кои уживале во црниот хумор кој им бил претходно претставен.

Во студијата биле вклучени и мажи и жени, а нивната просечна возраст била 35 години.

Според истражувачите, луѓето кои го сакаат сарказмот и се изразуваат на тој начин се високо интелигентни бидејќи нивниот мозок ги процесира информациите на поинаков, покомплексен начин отколку останатите луѓе.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот