Corvette V77 Gran Turismo – автомобил од соништата

0

Corvette V77  со 477 KS: дизајнерска мешавина на Corvette и Ferrari, вклучува техника на Corvette C6 која достигнува брзина од 320km/h, a цената изнесува 177 000 евра.

Биерстад Радеберг, дипломиран инженер од Германија, ја основал малата компанија “Vspeed automotive GmbH “со цел производство на автомобили од соништата.

corvette_v77_1__clanak-prva

Токму заради таа причина е направен автомобилот Corvette V77 Gran Turismo кој е мешавина од Corvette и Ferrari. V77  е создаден на основа на серискиот модел на Corvette C6, така што каросеријата е редизајнирана, има нов облик и потсетува на класичниот модел на Ferrari 250 GTO, додека изгледот на страничниот дел е задржан и потсетува на италијанските Gran Turismo автомобили. Предницата е таа во која се забележува крајната сличност со Порше и Ламборџини.

corvette_v77_2__clanak

Моделот V77 е тежок само 1339 кг, а аеродинамиката на автомобилот е оптимизирана во специјален воздушен тунел на Техничкиот универзитет во Дрезден.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.