Чоколадо против кашлица и болки во грлото

0

За вашата настинка постои многу повкусен лек од сите оние кои сте ги испробале досега.

Следниот пат кога ќе почувствувате болно пецкање во грлото и кога ви е толку воспалено да не можете да проголтате цврста храна, пред да го земете сирупот за кашлица, послужете се со неколку коцки црно чоколадо.

Алин Морис, професор и раководител на одделот за кардиоваскуларни и респираторни студии, од Универзитет во Хулу, дошла до заклучок дека чоколадата подобро функционира против кашлица и болки во градите отколку повеќето лекарства.

Неодамнешните студии покажаа дека пациентите кои пиеле лекови со екстракт од какао, побрзо опоравувале – за околу 2 дена, за разлика од оние кои пиеле обични сирупи против настинки.

Друга студија спроведена на Универзитетот Империјал во Лондон покажала дека какаото содржи алкалоид кој има подобар ефект од кодеин – аналгетик кој најчесто се користи во лекови за воспалено грло.

За сè постои логично објаснување, чоколадата има леплива структура за разлика од вообичаените лекови за кашлица, создава подобар заштитен слој на ѕидовите на грлото и влијае врз нервните завршетоци кои ја активираат кашлицата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.