Чоколадно суфле подготвено во „Електра Гарден“

0

Денеска е ден за десерти. Веруваме дека досега сте пробале многу од вкусните специјалитети кои ги има на менито на ресторанот „Електра Гарден“ во Брвеница, затоа решивме денеска да ви презентираме подготовка на вкусно чоколадно суфле за десерт.

За една доза ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 3 јајца
  • 100гр шеќер
  • 100гр чоколадо
  • 100гр путер
  • 75гр брашно
  • половина кафено лажиче густин

Се става чоколадото со путерот да се стопи на пареа. Потоа настрана се матат јајцата со шеќерот. Во текот на матењето полека се додаваат путерот и чоколадото кои претходно беа стопени.

На крај се додава брашното со густинот, се мати со жица и се пече на 180 степени, само 8 минути.

Bon appetit!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.