Citroën лансира нова рекламна кампања каде главни јунаци се лутите птици

0

На почетокот беше обична бесплатна видео игра за смартфон или таблет. Денеска имаат и сопствени анимации а на 12 мај ќе имаат и сопствен долгометражен филм. Станува збор за “The Angry Birds Movie” – Филмот на Лутите Птици. Овие птици се лути и уништуваат сè на нивниот пат , секаде каде што ќе поминат.

По повод лансирањето на нивниот долгоматражен филм кој ќе се прикажува во кино салите на Cineplexx од 12 мај во Скопје, Citroën оствари соработка со Sony Pictures Entertainment. Ја насетувате ли идејата?

Една птица, еден Citroën

Принципот е едноставен : секоја Лута Птица “Angry Bird” има свој Citroën.

Така во рекламниот оглас, лутата црвена птица Red го има својот Citroën C4 Cactus

pic

енергичниот Chuck со својот Citroën C3,

pic 2

помпезниот Judge Peckinpah со својот Citroën C-Elysée

pic 3

релаксираната Matilda со својот Citroën C4

pic4

и за крај, елегантната Stella со Citroën C1. 

pic5

 

Оваа огромна рекламна кампања која се рашири во повеќе од триесет држави во светот има исто така и рекламен спот за ТВ и за YouTube: https://www.youtube.com/watch?v=360cQ6rgaIY
Запознајте ги “Angry Birds” во салоните на Citroën, во Skopje City Mall каде што од овој петок 6ти мај ќе биде изложен Citroën C4 Cactus со можност за тест возење, или пак учествувајте на фамилијарниот ден во Cineplexx Скопје на 14ти мај и забавувајте се.

Следете го FB профилот на Citroën Македонија на https://www.facebook.com/citroen.macedonia , наскоро ве очекува забавна апликација која на 25 учесници ќе им подари по 4 влезници за Филмот на Лутите Птици кој започнува со прикажување во Cineplexx Скопје од 12 мај.

Секако, слоганот на кампањата е ” Направете ги Лутите Птици среќни со Citroën”.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.