Цитати за успехот од најпознатите и најбогатите

0

Понекогаш, ни се чини дека популарните и богатите многу лесно стигнале до успехот, парите и славата. Но, тоа не е воопшто така. И тие знаат дека патот до успехот е трнлив, постојат порази, се прават грешки.

Еве што мислат едни од најпознатите луѓе за успесите и неуспесите, напорната работа и личната мотивација која е важна за да стигнете до врвот.

“May the Force be with you”, е шармантна мисла, но мора да сфатите дека вие треба да станите сила, како за себе, така и за другите. – Харисон Форд

„Времето кое го иматe за да успеете е ограничено, затоа не трошете го за да го живеете животот на некој друг, а не вашиот.“ – Стив Џобс

„Она што другите го сметаат за неуспех, јас го сметам за божји начин кој секогаш упатува кон нов правец.“ – Опра Винфри

„Невозможно е да се живее без неуспех, освен ако не водите толку трезен живот кој на крајот ќе испадне дека и нешто многу не сте го живееле.“ – Џоан Роулинг

„Направена и завршена работа е поважна од перфектно одбработената работа која задоцнила.“ – Марк Зукерберг

„Најмногу се учи од незадоволните клиенти. Токму тие се изворот на идниот напредок на една компанија.“ – Бил Гејтс

„Не трудете се да учите и напредувате поради успех, признанија и слава. Учете единствено од сопствените грешки и рани.“ – Џејн Фонда

„Жените би требало да се горди на секој успех кој доаѓа како резултат после тешка и напорна работа и да не се чувствуваат лошо поради таа гордост.“ – Кети Пери

„Вашата моќ лежи во контролата. Другите ќе се обидуваат да ве уништат, на сите начини. Но, јас никогаш нема да паднам. Јас сум таа која ја има контролата во свои раце.“ – Ријана

„Постигнување на успеси е способност со која некој се раѓа. Да, потребна е одредена доза на интелигенција, но се се сведува на инстинктите.“ – Доналд Трамп

„Мислам дека луѓето не обрнуваат премногу внимание на она што го работат. Јас сум постигнал многу, но причината е едноставна: сум се убивал од работа.“ – Џастин Тимберлејк

„Сум се вложувала и сум работела многу повеќе од кој било друг во шоу бизнисот.“ – Бијонсе

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар