Цитати од „Сексот и градот“ за инспиративна 2017 година

0

Колку цитати од серијата „Сексот и градот“ се на вашата листа омилени филмски цитати? Колку од нив ги користите често во секојдневието?

Ова се некои од нив кои треба да ве инспирираат во текот на оваа година. Веруваме ќе се пронајдете во дел.

„Додека се движи по патеката наречена живот, секоја девојка понекогаш ќе се почувствува малку изгубено. А кога ќе се случи тоа, треба да се ослободи од фразите „можеше“, „требаше“, „сакав“ и да продолжи понатаму.“

„Велат, ништо не е вечно. Соништата избледуваат, трендовите доаѓаат и си одат, но пријателството никогаш не излегува од мода.“

„Можеби минатото е како сидро што не влече надолу. Можеби треба да се ослободите од тоа што сте за да бидете тоа што треба да бидете.“

„Највозбудливата, најтешката и најважната врска од сите е онаа што ја имате со себе. А ако успеете да најдете некој што ќе го сакате колку што се сакате себеси, па, тоа е прекрасно!“

„На крајот компјутерите крахираат, луѓето умираат, врските се распаѓаат. Најдоброто што можете да го направите е да земете здив и да почнете од почеток.“

„Животот ви дава многу шанси да згрешите, што значи дека имате исто толку шанси да ги направите нештата на вистинскиот начин.“

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот