Чувство за мирис – колку реално се потпираме на него

0

За повеќето животни, мирисот е или лош или добар. На тој начин тие комуницираат. Предаторите ја обележуваат територијата со урина и други мириси за нивните опоненти да знаат дека се тука. Животните кои се лесен плен го користат нивното чувство за мирис за да дознаат дали некој предатор се обидува да ги улови. Мажјаците знаат дека е сезона за парење на база на мирисот кој го ослободуваат женките.

За модерните луѓе, мирисот не решава живот или смрт. Луѓето ја мијат устата и забите за да немаат лош здив. Родителите го користат сетилото за мирис секогаш кога треба да се промени пелена на бебето. Децата се прашуваат зошто сирењето мириса чудно. Генерално, сите ние се потпираме и на другите сетила кои исто така се развиени и ни помагаат во секојдневното функционирање.

Човековото чувство за мирис почнува со 6 милиони ќелии за детектирање лоцирани во носната шуплина.

Она што се знае е дека речиси 5 % од популацијата во Европа нема чувство за мирис, состојба која може да настане како последица на повреда на предниот дел на главата, понекогаш заради инфекција, но и староста игра улога. Дел од луѓето се раѓаат без чувство за мирис што сепак е реткост.

Позитивната страна е доколку се третира односно се лекува, чувството за мирис може да се подобри со текот на времето. Многу веројатно дека нема да ја има истата острина, но сепак ќе биде во функција.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот