Чудо од дете: Мал виртуоз на пијано го воодушеви светот

0

Ништо не може да ве воодушеви повеќе од ова мало детенце кое иако има само четири години, свири пијано како вистински виртуоз.

Дека ѕвезда се раѓа, а не се станува, потврди малиот Еван кој настапи со композиција на Николај Римски Корсаков и на целиот свет му покажа и докажа дека од него може допрва да се очекува премногу.

Имено, Еван настапи во шоуто „little Big Shots“, а по емитувањето на емисијата снимката експресно се прошири во интернет просторот. Музичкиот гениј вели дека омилен автор му е Бах, но она што е најчудно е дека почнал да свири пред само четири месеци.


При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот