Chris Rock водител на Оскарите

0

Chris Rock е во сериозни преговори за негов ангажман како водител на 88-мото издание на Оскарите. Според Variety, набрзо се очекува да излезе официјaлното соопштение. Доколку успеат да се договорат, на Rock ова нема да му биде прво водителско искуство на оскаровската ноќ. Тој еднаш веќе беше домаќин во 2005 година.

chris_rock_Oscars

На први септмеври филмската академија ги објави имињата на продуценитите на овогодишенното издание, Reginald Hudlin и David Hill. Оваа одлука дојде непосредно по опаѓање на гледаноста за 16 проценти на минотогодишните доделувања кога домаќин беше Neil Patrick Harris.

Инаку, Reginald Hudlin има оставерно соработка во минатото со Chris Rock на тв серијата „Everybody Hates Chris“.

Критиката во 2005 година му беше наклонета на Rock и генерално имаше позитивни коментари за неговиот придонес на Оскарите таа ноќ. По 2005-тата, во декадата што следеше по него, листата на водители изгледаше вака:

Jon Stewart во 2006 година

Ellen DeGeneres во 2007 година

Jon Stewart во 2008 година

Hugh Jackman во 2009 година

Steve Martin и Alec Baldwin во 2010 година

James Franco и Anne Hathaway во 2011 година

Billy Crystal во 2012 година

Seth MacFarlane во 2013 година

Ellen DeGeneres во 2014 година

Neil Patrick Harris во 2015 година