Човекот кој ги измисли фотомоделите

0

40 години, Питер Линдберг е еден од најдобрите модни фотографи, човекот кој направи револуција кога станува збор за фотомоделите.

Тој е најдобро познат по неговите впечатливи црно-бели фотографии од 90те години на кои се наоѓаат моделите од рангот на Кејт Мојс, Наоми Кемпбел и Линда Еванџелиста. Линдберг е едно од неколкуте имиња кому му се препишуваат големи заслуги за појава на супермоделите.

160922155554-peter-lindbergh-supermodels-2-exlarge-169

Неговиот фокус ист така го насочи кон актерките како Џулиен Мур, Шарлот Ремплинг, Кејт Винслет и музичарите Тина Тарнер , Дафт Панк и многу други.
Тој има ставено потпис на многу едиторијали за познати списанија, насловни страници и рекламни кампањи.
peter-1
Повеќе од 220 фотографии беа дел од изложбата која беше отворена минатиот месец во Кунстхал музејот во Ротердам – “Peter Lindbergh: A Different Vision on Fashion Photography”.
peter_lindbergh_by_stefan_rappo_2015-1__1475769942_77-28-159-109
Линдберг е човекот кој остро се противи на ретуширање на фотографиите бидејќи смета дека така се губи автентичноста. Ниту една неговите фотографии никогаш не била обработена.
Неговата е уметност ја почитуваат не само модната сцена, туку и останатите кои некогаш имале прилика да соработувааѕ со него и да ги погледнат неговите дела.
106d4f7b2da7981e3e5a8527967af26c peter-lindbergh-women-2-02 160922154753-peter-lindbergh-pina-bausch-exlarge-169 160922155720-peter-lindbergh-kate-moss-exlarge-169
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот