Човек не може да си ги избере роднините, но може да си ги избере пријателите. Одбирајте пријатели кои се искрени и вистински, пријатели кои ќе бидат тука за вас, дури и кога целиот свет ќе ве напушти… Бидете и вие вистински пријател!
Избегнувајте да озборувате
Доколку вистински го цените вашето пријателство со некоја личност, нема да уживате коментирајќи ги недостатоците или неуспесите на истата, бидејќи кога – тогаш таа ќе разбере за тоа. Дури и никогаш да не дознае, ризикувате да си ги ослабите односите со сите ваши пријатели, кога тие ќе дознаат дека сакате да озборувате. Тоа е така, бидејќи несвесно немаме доверба во луѓе кои имаат репутација на озборувачи. Инстиктивно имаме доверба и ги почитуваме оние, кои ја немаат потребата да критикуваат други.
Простувајте
Прошката не е клише, туку многу моќен и значаен фактор за градењето здрави односи. Вистинското проштавање значи дека треба да го заборавите лошото искуство кое сте го имале со личноста, а не денес да и опростите, а после неколку недели повторно да ја критикувате за истата работа. Помислете колку би биле среќни кога вам би ви биле опростени и заборавени грешките кои сте ги направиле.
Единство и хумор – клуч за вистинско пријателство
Најдобриот рецепт за градење цврст однос со вашите пријатели е создавање на чувство на единство. Кога ќе научите да функционирате како еден, во вашите односи нема да постојат негативни чувства, како што се љубомора и несигурност. Плус, ако се чувствувате вистински поврзани, нема да имате срце да направите нешто кое ќе ги повреди вашите пријатели.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.