Чоколадни колачи со авокадо

0
Рецептот за денеска е здрави колачиња со авокадо и какао, кои наместо брашно содржат бадеми. Нема да можете да престанете со јадење!
Состојки:
  1. 60 гр. темно чоколадо
  2. 2 лажици какао
  3. 5 лажици бадеми
  4. 1/4 шолја мед
  5. 1/2 лажичка кокосово масло
  6. 1 јајце
  7. 1/2 големо (или 1 мало) авокадо

Подготовка:

Чекор 1: На пареа растопете го чоколадото со кокосовото масло.

Авокадото испасирајте го. Бадемите сомелете ги во Нутрибулет, но не до крај – да има и крупни парчиња.

Чекор 2: Додадете го јајцето, бадемите, какаото и медот. На крај додадете го растопеното чоколадо. Мешајте постојано да се изедначи смесата.

Оставете ја смесата во фрижидер 30-60 минути.

Чекор 3: Формирајте колачиња со дебелина од 1 сантиметар. Печете на 175 степени околу 17-18 минути.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Пред сервирање оставете ги во тавата да се оладат десетина минути.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот