Чоко-банана колач со крем од јагоди

0

Викендот е совршен за да направите вкусен десерт и да ги израдувате со нешто благо сите оние луѓе кои ги сакате. Направете чоко-банана колач со крем од јагоди на кој нема да му може да одолеете и ќе сакате да направите уште еден.

За ТЕСТО ќе ви треба:

50 гр. путер

1 шолја шеќер

3 банани

1 јајце

1/3 шолја млеко

1/4 шолја какао

1+3/4 шолја брашно

1 полна лажичка прашок за пециво

2 лажички цимет

1/2 шолја чоколаден чипс

За КРЕМ ќе ви треба:

3 белки

3 лажици шеќер

250 гр. полузамрзнати јагоди

Подготовка

Чекор 1: Вклучете ја рерната да се загрее на 160 степени.

Чекор 2: Во сад ставете ги путерот и шеќерот и матете додека не се соединат. Бананите испасирајте ги и додадете ги во смесата со путер. Додадете ги јајцето и млекото и матете да се соединат. Додадете го просеаното какао, брашното, пецивото, циметот и чоколадниот чипс. Соединете ја смесата со матење.

Чекор 3: Смесата сипете ја во округла тава за печење и печете 45 минути. Испеченото тесто оставете го да се олади 5 минути во тавата, потоа извадете го да се лади на жица.

Чекор 4: Додека тестото се пече, подгответе го кремот. Изматете ги белките со шеќерот и додадете ги јагодите.

Чекор 5: Сечете парчиња од колачот и филувајте со кремот од јагоди

Чекор 6: Сервирајте!

СОВЕТ: Доколку тестото почне да потемнува побрзо при печењето, прекријте го со фолија која ќе ја отстраните пред крајот на печењето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот