Chinotto di Liguria  – мирисот кој носи ведрина во животот

0

Замислете парфем кој го отклучува изворот на животот. Blu Mediterraneo ја дава можноста тајната да биде покажана пред светот, дополнувајќи го богатото наследство на Acqua di Parma.

Acqua di Parma со гордост го претставува Chinotto di Liguria, ново издание од линијата создадена со многу љубов  – Blu Мediterraneo.

Новиот парфем ја презема водечката позиција кога станува збор за еден од најубавите плодови на италијанскиот Медитеран – мандарина. Екстремно популарна на почетокот на 20 век, со текот на времето опаѓа, за потоа повторно да доживее просветлување благодарение на интуицијата на новите генерации кои се наследници на ова мирисно богатство.

Acqua di Parma го одбра за овој уникатен мирис кој совршено го претставува софистицираниот животен стил и природна убавина на регионот. Суштината на сето ова сега се наоѓа во парфемот Chinotto di Liguria.

Ова овошје е единствено и незаборавно како и регионот од кој потекнува  – Лигурија. Станува збор прекрасна област која се наоѓа во Северна Италија, сместена на познатата италијанска ривиера – шармантна комбинација на плажа со бел песок, робусни планини и ридови.

Разбирливо, само една локација може да послужи за лансирање парфем – Лигурија. Токму затоа, главниот фотограф, Стефан Хајнрих ја снима целата кампања дирекно во Лигурија, каде има портрети и слики на животниот стил кои ги прават фотографиите впечатливи.

Кампањата Chinotto di Liguria е направена живописно за да ги инспирира гледачите само да издишат и да уживаат во глетката.

„Just Breathe“ e воедно и името на кампањата.

„Италијанската ривиера, ние ја гледаме како наша инспирација“ – вели Лаура Бурдес, директор и CEO на Acqua di Parma.

„Рајска градина на земјата, каде што луѓето можат да се препуштат на убавината и да се поврзат со природата и со своите сакани. Станува збор за квалитет на живот кој доаѓа кога ќе одвоите момент за себе и длабоко издишете. Потполно сум уверена дека оваа кампања го бележи токму тој момент – чувството на опуштеност измешано со новооткриената страст“ – вели таа.

Кампањата Chinotto di Liguria става акцент на моментите кои живот значат. Една приказна открива млади жени и еден човек кои шетаа на плажа, уживајќи во мирисот од бербата на ова слатко овошје. Се сеќаваат на украдените моменти, сликите си играат со боите кои Acqua di Parmu го претвораат во икона: жолта, сина, црна и бела.

За лансирањето на Chinotto di Liguria се користени впечатливи визуелни сетови кои ги придвижуваат емоциите, во исто време нудејќи им на гледачите возбудлив поглед кон волшебниот свет на Синиот Медитеран.

Ова е можност да се проба  нов сензационален мирис кој ја претставува суштината на медитеранската арома – создава нова и свежа состојба на умот која дозволува да се поврзете со сите околу вас. Мирисот што носи ведрина во животот – Blu Mediterraneo Chinotto di Liguria.

Наскоро, Blu Mediterraneo Chinotto di Liguria ќе имате можност да го најдете екслузивно во парфимеријата Anabella Мериот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.