Чинија која впива калории?!

0

Замислете да можете да јадете здраво, а притоа да не промените апсолутно ништо во начинот  на исхрана. Тоа би значело да уживате во храната без разлика колку е мрсна. Единствено што ќе ви биде потребно е нов сет чинии.

Маркетинг агенцијата BBDO Bangkok во соработка со Thai Health Promotion, создале чинија наречена AbsorbPlate.

Првичната намена е само за тајландскиот пазар.

Инаку, земјата е позната по мрсната и зачинета храна која редовно се подготвува со пржење.

Чинијата содржи 500 дупчиња кои ја впиваат мрснотијата на храната. Со оваа метода од еден оброк можат да се намалат до 30 калории.

Иако идејата во моментов е само дел од маркетинг кампања која промовира здрав начин на живот и чинијата не е достапна за продажба, сепак има извесна иднина и веројатно ќе има голема побарувачка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот