Чинии полни со радост

0

Сите знаеме колку појадокот е важен за да межеме да имаме енергија во текот на целиот ден. Многумина од нас го скокаат појадокот и пијат само кафе, други си дозволуваат мрсен бурек со јогурт, оние кои бројат килограми јадат житарки со млеко… Но, каков е појадокот на некое друго место, оддалечено од нас илјадници киломтери? Ве носиме на една утринска прошетка низ светот за да откриеме што има во чиниите за појадок во неколку земји од сите страни на светот.

Во Гвајана, појадокот се состои од риба, зеленчук и крцкаво лепче.

1756655-650-1462863478-2.png

Францускиот појадок сè уште е класика, шолја чај или кафе, свежа багета или кроасан.

francija

Јапонскиот појадок вклучува ориз, супа и зеленчук. Западната варијанта на јапонски појадок е тост со путер, јајца и салата од компир.

1756055-650-1462863478-5.png

Појадокот во Египет вклучува грав од нивното поднебје, измешан со многу зеленчук, јајца и маслиново масло.

1756355-650-1462863478-27

Италијанците, за појадок најчесто јадат тенко парче леб премачкано со овошен џем.

1755655-650-1462863478-8.png

Традиционалниот појадок во Полска се состои од кришка леб и кајгана со виршли.

1755755-650-1462863478-6.png

Во Колумбија појадокот е од меко сварено јајце кое се става во сос од крем супа и сирење.

1756555-650-1462863478-28

Во чинијата за појадок во Турција има сирење, маслинки, омлет, џем, овошје…

1757605-650-1462863478-11.png

Пао де Киејо се популарните топчиња од тесто и сирење кои се јадат за појадок во Бразил.

1757255-650-1462863478-12.png

Шпанците за поајдок најмногу сакаат препечен леб премачкан со домашен доматен сос.

1756155-650-1462863478-26

Во Венецуела, појадокот е едноставен, се состои од млечни и сувомеснати производи.

1756305-650-1462863478-14.png

Во Камбоџа, за појадок се јаде супа од нудли и зеленчук.

1757705-650-1462863478-15.png

Најчестиот оброк во Русија за оние кои појадуваат се палачинки со овошен прелив и многу овошје.

1757305-650-1462863478-22.png

Можеби вие за појадок не би изеле ориз со пилешко и колбаси, но во Индонезија тоа е традиционален појадок.

1756005-650-1462863478-17.png

Во Мароко, за појадок се јадат топли палачники, искомбинирани со мед и овошје или со путер и маслинки.

1755905-650-1462863478-19.png

Во Индија за појадок најчесто се јаде традиоционалното лепче кое е направено од оризово брашно во комбинација со неколку зачинети сосови.

1755605-650-1462863478-9.png

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот