4 Жени војници кои ја променија историјата

0

Демократизацијата на општеството, порастот на лична слобода, намалениот број на војни, смалениот одзив и притисокот на јавноста, се дел од причините поради кои многу земји во 21век  го укинаа задолжителното служење на воениот рок. Во многу од нив, таканареченото “принудно ропство“ се замени со доброволно пријавување на поединците.

Сепак, сеуште постојат земји кои останаа доследни на традицијата. Но денес, нема да зборуваме за сите нив, туку ќе оддадеме почит на жените војници низ светот.

Дали сте знаеле дека во голем број држави жените доколку сакаат можат да се придружат кон воените сили? Дел од нив се: Либија, Северна Африка, Австралија, Нов Зеланд, Пакистан, Филипини, Данска, Финска, Франција, Германија,Полска, Русија, Србија, Шведска, Обединетото Кралство, додека во Израел служат задолжителен воен рок во времетраење од две години.

Прва асоцијација на жените војници се жените Амазонки од грчката митологија. Иако ова верување дошло до многу негодувања и дискусии, ископините од Украина и Црното Море каде се пронајдени гробови од жени во полна војничка опрема говори сосема друго.

 

Хероините во минатото

 

Дизниевиот цртан филм “Мулан“ е инспириран од приказната за храбрата жена војник Хуа Мулан, кинеска хероина која се приклучила на војската за време на војна, во замена на својот стар татко. После војната, Мулан била повикана да работи во служба на царот, но таа одбила за да се врати на семејството. Оваа приказна потекнува од петтиот век од новата ера.

download

Хана Шнел од Англија, се омажила на 21година и родила ќерка. Брзо после тоа, нејзиното девојче починало, а сопругот ја напуштил. Разочарана, позајмила војничка опрема и се пријавила во војска под името на својот зет. Учествувала два пати во војна и била ранета 11 пати. Кога војната завршила, Хана ја открила вистината за себе на своите соборци. Од државата добила воена пензија, а после неколку години во Англија отворила ресторан по името “Жена војник“.

tumblr_m061jnn5ad1qeu6ilo1_500

Брита Нилсдотер од Шведска, набрзо откако се омажила, нејзиниот сопруг,Петер Хадберг е повикан во војна. Осамена, се облекла како војник и заминала во војната да го пронајде. На една прозивка од страна на командирот, кога го прозвал името Хадберг, од толпата истапиле таа и сопругот. Така го пронашла.

image4

Милунка Савиќ од Србија, која е една од жените со најмногу признанија од учество во војна учествувала во Првата Светска Војна. Во 1913 година, нејзиниот брат добил позив за учество во војната, Милукна облекла воена униформа и заминала во војна наместо него. За нејзниот пол дознале кога била ранета за прв пат. И после тоа, таа продолжила да се бори. Таа е единствена жена на светот која го добила признанието француски Воен крст со златна палма. После војната и била понудена пензија во Франција. Таа одбила да се пресели и останала да живее во Белград. Откако сите воени подвизи биле заборавени, Милунка остатокот од животот работела како чистачка и починала во 1973 година.

milunka-savic

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар