Четири бои кои ќе ја обележат оваа пролет

0

Заборавете на црна, сива, кафена и обоете го гардероберот во пролет.

И оваа сезона ќе доминираат боите, особено четири нијанси на кои никој нема да одолее.

1. Лаванда
Виолетовата боја е прогласена за бојата на 2018та година од страна на институтот за бои „Пантон“, а трендсетерите се заљубија во нијансата лаванда – нежна и неодолива.


2. Жолта

Бојата на сонцето ќе го освежи вашиот изглед без разлика дали ќе одберете мал детаљ во жолта боја или ќе доминира во вашата целосна комбинација. Како и да одлучите, нема да погрешите.


3. Пудресто розе
Романтична и нежна, потсетува на лавандата, пудресто розе нијансата совршено прилега на сите. Дискретна и неутрална, лесно ќе се вклопи во комбинација со сите бои.

4. Смарагдно зелена
Уште една боја која потсетува на пролет и е дел од секоја сезона, во различни нијанси. Смарагдно зелената е нијансата која ќе ве освои оваа пролет, боја која лесно може да ја замени црната и е совршена за сите љубители на темните бои, поради тоа што лесно се комбинира.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.