Чешме, Турција – место кое ќе ги плени и најпребирливите туристи

0

Чешме е шармантен и убав град кој е еден од најпознатите туристички центри на брегот на Егејското море. Се наоѓа 85 километри западно од Измир.

Топонимот за ова место доаѓа од персискиот збор „cesme“ што во превод означува „фонтана“, а самото име дошло од фактот дека за време на Отоманската Империја во овој град биле изградени многу јавни чешми и фонтани.

EUROPEMEDITERRANEANTURKEYCON_TURTURKEY-BODRUMCESME

Чешме е познат по отоманската архитектура, шарените куќи кои го красат градот и богатата туристичка понуда. Чешме изобилува со сончеви денови преку целата година, односно жителите на Чешме можат да се пофалат со повеќе од 300 сончеви денови во годината. Овој град вниманието на туристите го привлекува со чистиот воздух, кристално синото море и постојаниот ветер што го прави Чешме атрактивен за оние кои се вљубени во едрењето и сурфањето на вода.

CesmeDalyan_IzmirTurkey_N_Duzen (1)

Чешме освен по летниот туризам се одликува и по термалниот бањски туризам благодарение на термалните извори, Илиџа и Шифне. Температурата на термалните води во Илиџа и во Шифне се движи околу 42 степени. Термалните извори Илиџа и Шифне се состојат од морска вода, која поминувајќи долг пат се до внатрешноста на земјината кора, до магмата, и враќајќи се нагоре кон површината на земјата се облагородува со разни метали и добива лековити својства.

Butterfly-Valley-Turkey614

Во Чешме никако не смеете да го пропуштите стариот дел на градот кој е комбинација од отомански резиденции и куќи во грчки стил, антички фонтани и традиционални барови и продавници и Замокот Чешме кој е стар повеќе од 500 години и сега е претворен во музеј кој е сведок за богатата историја на ова место.

1024px-Alacati3-1 cesme-sailing cesme-castle cesme2 TurkishDelights15_CNT_14aug12_pr_b

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар