„Чекај ме и јас сигурно ќе дојдам, само чекај ме долго“- како настанала најубавата љубовна песна

0

„ Чекај ме и јас сигурно ќе дојдам“- за многу луѓе ова е една од најубавите љубовни песни некогаш напишани. Како текстописец се јавува Константин Симонов, а поради околностите во која е напишана премина во антологија.

Симонов е голем руски писател и патриот чија судбина често го носела на воените полиња. Безнадежно бил заљубен во Валентина Серов, тогаш најубава и најпопуларна глумица.
Валентина била мажена дама и многу заљубена во својот сопруг – генерал. Кога тој починал таа многу страдала. По неговата смрт се впуштала во многу љубовни авантури, но никако не успеала да засака некој како својот генерал.
За време на војната во 1940 година, го запознала Симонов, кој со години мечтаел за неа, започнале врска но проблемите допрва започнале.
Симонов отишол во војната и во една од најтешките борби сфатил дека дома нема да стаса жив.
Единствено нешто кое го одржувало било фотографија и мислите за најубавата Валентина – како го чека да се врати дома. Тогаш одлучува да и напише песна за неговата љубов кон неа дури и за љубовта што ќе чувствува по неговата смрт.

Песната која требало да стигне до Валентина по неговата смрт ја чувал во џеб, мирно, исчекувајќи го судниот ден.
Меѓутоа се случило чудо – воената единица на која Симонов бил член го одбегнала крајниот удар од непријателот и писателот здрав и жив се вратил дома со својата песна во џеб.
Тие се венчале во 1943 година, а песната за љубов која ја навестува смртта во комбинција со среќен крај, го преплавува целиот свет и е преведена дури на 35 јазици!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар