Чарли го возвраќа ударот: НАШИОТ КАРАКТЕР, А НЕ НАШЕТО ТЕЛО НЕ ПРАВАТ ЖЕНИ

0

Британската моделка Чарли Хауард, чие тело го критикуваше нејзината агенција со образложение дека била „многу голема“, го возвраќа ударот со изјавата дека ги отфрла сите тврдења поврзани со нејзиниот изглед.

„Нашите атрибути не нè дефинираат нас како жени, нашата сила и нашиот карактер тоа го прават“, се вели во дел од промотивната изјава за почеток на кампањата на Чарли.

Таа ја напушти агенцијата минатата година и сега работи како коорганизатор на новиот „Проект на сите жени“. Целта е да почнат да се отфрлаат стереотипите на преслаби жени како стандарди на убавина во модната индустрија На фотографиите кои се користат во кампањата се прикажани и нејзините колешки и пријатели кои исто така учествуваат во кампањата, Клементина Десукс, Искра Лоренс, која е и модел на брендот Аери, Денис Бидо и многу други….

Десукс изјави дека фотографиите се објавени без фотошоп и намерно се така оставени со цел да им покажат на младите жени многу поразлични облини, големини и бои во модната индустрија и да им покажат колку всушност жените се слични – без разлика дали се модели или не.

„Ние избравме да ги покажеме нашите вистински тела и да ги прифатиме,“, вели Десукс. „Ние можеби сме модели, но, сите имаме целулит, стрии и други недостатоци кои нè прават жени, но, за кои општеството нè учи дека треба да се срамиме од нив. Оваа кампања е дизјанирана да ги обедини жените ширум светот“, додава таа.

Во изјавата што беше објавена со почетокот на кампањата, се вели „нашите физички атрибути не не дефинираат и одредуваат нас како жени, нашата сила и карактерот го прават тоа. А сето ова заедно не прави жени“.

Извор: http://www.huffingtonpost.com/

Остави коментар