Чантите кои се апсолутен хит на Инстаграм

0

Промената на трендовите е својствена за модата и за модните додатоци. Кога станува збор за чантите, дизајнерите сè уште го немаат кажано крајниот збор, па често знаат да нè изненадат со некој уникатен и безвременски модел кој со брзина на светлината добива статус на култен модел. Токму таквите култни модели ги освојуваат трендсетерките, па нивните чанти често ги гледаме на популарната социјална мрежа Инстаграм.

Кои се чантите по кои инста девојките се тотално побудалени?

Puzzle – Loewe

Откако се појави во 2015, оваа чанта стана омилена на тренди дамите, а нејзината популарност не запира? Што е толку привлечно кај оваа чанта? Нејзиниот дизајн, ќе се согласите. Оваа чанта е совршена за дневните прилики и одговара на многу стилови. Ја има во повеќе комбинации на бои.

1

Dotcom – Fendi

Оваа чанта стана популарна поради совршениот дизајн и деталите кои се рачно изработени. Инста девојките ја обожаваат кога во прашање се вечерните и викенд излегувањата. За класичната варијанта на оваа чанта, тренсетрките плаќаат 2400 долари.

2

Petite Malle – Louis Vuitton

Според модните критичари, оваа чанта спаѓа во оние кои мора да ги имате, чанта која е скапоцена и вечна. ИТ девојките за ова задоволство од Луј Витон одвојуваат од 5200 до 43000 долари во зависност од тоа од кој материјал е изработен моделот.

3

Hunting bag – The Row

Мери Кејт и Ешли Олсен се пионерки воо светот на ИТ аксесоарите и дамите кои од 2000-тата година стојат позади успешната модна приказна The Row. Нивната најнова чанта изгледа баш онака како што сакаат шик девојките – ретро и истовремено толку модерно. Многумина сметаат дека оваа чанта е моментално најшармантната чанта на пазарот.

4

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар