Чај од дива цреша

0

Велат дека нема емотивна состојба која една шолја чај не може барем за момент да ја подобри. Во тоа име, денеска решивме да ви предложиме да се напиете Херавита чај од дива цреша и да потонете во вкусот кој ќе го побарате повторно.

Билна мешавина со арома на дива цреша за секојдневно освежување, надополнето со цикорија, билка која нашите баби ја користеле за приготвување на напиток сличен на кафето, вистински благодет за нашиот организам.

9

Цикоријата од минатото се употребувала како храна и како лек, Античките народи ја употребувале како салата, старите Германи ја познавале како магичен пијалак, што докажува дека оваа билка е доста лековита, хранлива и здрава.

Поради содржината на ензими, етерични масла, витамин С и флавоноиди делува како антиоксиданс. Поволно и благопријатно делува при настинки, кашлање и болно грло. Овошните киселини од шипката и хибискусот делуваат на ублажување на грчевите во стомакот и цревата, надуеност и антибактериски.

Но, покрај бенефитите кога станува збор за здравјето, дозволете си вистинско уживање, кое ќе се повторува со секоја голтка чај.

Херавита овошниот чај од  дива цреша е исклучително вкусен, со слабо киселкаста нота и со богат овошен вкус. Има карактеристичен пријатен мирис на дива цреша, кој ве воодушевува со својата исклучителност.

Денеска оставете го кафето и бидете дел од природата заедно со чајот од дива цреша на Херавита.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот