4 тренди фризури со кои ќе заштедите на време и пари

0

Рамната коса може да изгледа безживотно и безлично, а со самото тоа и вашето лице да изгледа постаро. Ја освежувате бојата на косата, посетувате фризер, за тоа одвојувате време, трошите пари и едноставно сакате да имате фризура што кога ќе се разбудите може да ја средите лесно. Во продолжение ве советуваме да ги направите овие четири модерни фризури кои нема да ви одземат многу време, а сепак со нив ќе изгледате стилизирано и свежо.

Плетенка на страна

kosa-frizure-metoda-podmadivanja-1460390124-884311

Наместо класична плетенка или популарните две плетенки со кои се претера, вие направете ја едноставната плетенка на страна која секогаш е хит. Пред да ја сплетите, натапирајте го опавчето за поголем волумен и почнете лабаво ја да ја плетете. Ќе изгледате уредно, свежо, а и тренди.

Шишки

kosa-frizure-metoda-podmadivanja-1460390124-884307

Можеби прва асоцијација за нив ви е компликација, ако одговара на типот на вашето лице, а имате и лесно прилагодливо влакно, тогаш дефинитивно треба да се одлучите за шишки. Придонесуваат за младешки изглед, а со тоа ќе изгледате помладо,ќе ги скриете брчките на челото, а ќе го истакнете лицето.

Кадрава коса

kosa-frizure-metoda-podmadivanja-1460390124-884313

Ако сте од среќничките со природно кадрава коса, не се жалете дека сакате поинаква. Можни се толку многу варијации со ваквата коса, што секојдневно можете да изгледате поинаку. Разбранувајте ја креативноста во прстите и формирајте лесна фризура во кок, половично фатено опавче или едноставно ноншалантно соберете ги немирните делови со бабинска шнолка.

Степенаство потстрижана коса

kosa-frizure-metoda-podmadivanja-1460390124-884309

Овој вид на фризура повторно се враќа меѓу актуелните. Степените и даваат волумен на косата и изгледа побујна, а лесно може да се обликува со четка или пегла за коса. Ако имате нијансирана боја на коса, тогаш оваа фризура ќе ги истакне сите нијанси.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот