Часовник инспириран од Руски рулет

0

За мажите со стил, на светскиот пазар се појавија 99 парчиња од часовникот инспириран од часовникот Руски рулет.

Овој модел со својот изглед го крена стилот на ново ниво. Производителите се решиле за сината боја како израз на мажевноста и урбаноста што сакаат да ја прикажат.

luksuz-satovi-dizajn-nakit-artya-5

Рускиот рулет, познатата ризична игра со пиштоли, ја инспирира креацијата на цилиндерот со 6 ќелии кои го красат бројчаникот на овој модел, додека на дното има уште еден дел кој претставува дно од куршум. Со тоа се добива врвен визуелен ефект.

Стандардното куќиште е изработено од нер’ѓосувачки челик, со пречник од 44 милиметри, а е украсено со сафири, што го прави часовникот уште повпечатлив. Се навива рачно.

luksuz-satovi-dizajn-nakit-artya-6

Часовникот што го носи името Блу блад чини 10,000 швајцарски франци, но сигурно ќе се распродаде за многу кусо време.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар