Часовници на Tag Heuer со потписот на Манчестер Јунајтед

0

Еден од најпопуларните брендови за часовници TAG Heuer на стадионот Олд Трафорд ја претстави својата најнова колекција часовници, каде како модели и сопственици на истите се појавија фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

Станува збор за два нови часовника – TAG Heuer Special Edition Manchester United. Фановите на фудбалскиот клуб, кои беа поканети на настан од отворен тип, не знаеја дека пред нив ќе се најдат легендите на клубот Вејн Руни, Златан Ибрахимович, Даид де Хеа и Андер Ерера.

Истовремено, освен фудбалерите, големо внимание привлекоа и специјално креираните хронографи TAG Heuer Carrera Chrono Heuer-01 Caliber и TAG Heuer Formula 1 Chrono, чиишто први примероци ги продаваа токму овие фудбалери.

Жан Клод Бивер, директорот на брендот TAG Heuer истакна:

„Нашето партнерство со Манчестер Јунајтед е уште поцврсто по лансирањето на овие часовици. Горди сме на оваа соработка, која е важна за нашата промоција на азискиот пазар, каде што клубот и фудбалерите се огромни ѕвезди.“

Часовникот е достапен во две верзии – црна и црвена. Ќе се продава во продавницата на Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд и во одбрани продавници во светот, но може да се порача и преку интернет.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот