Café de Flore – Синоним за слобода и омилено место на писателите и филозофите од тоа време

0

Café de Flore – боемско кафуле во Париз во кој се собирале сите писатели, филозофи, глумци, историски и културни личности од тоа време. Денес овој локал е достапен и на туристите.

Историјата на ова најпознато париско кафуле почнува во 1887 година во тогашна трета француска република. Го носи името на римската божица на цвеќето – Флора, чија статуа стои на патот преку улицата во еден од најелитните делови на париз – Сен Жермен.

Еден од првите што ја започнаа традицијата на пишување во Café de Flore бил Гијом Аполинер, кој во 1913 година започнал журнал по име ”Ноќите во Париз”. Дури и кога имало војна, италијанскиот писател не ги променил своите навики, редовно го посетувал кафулето и поминувал многу часови во него.

По крајот на војната во 1917, Аполинер го запознал Андреа Бретон со цветниот локал – Café de Flore и тогаш се раѓа дадаистичката група. Истата година Аполинер го запознава светот со зборот „надреализам“.

Иако Париз во Втората светска војна бил под германска окупација, најинтересен е податокот дека ниеден Германец не можел да се најде во локалот. Како што Жан-Пол Сартр пишувал: „Патиштата до Флора, за мене четири години беа патишта на слободата.“ Тој баш помеѓу тие ѕидови ја започнал својата егзистенцијална филозофија.

Леон-Пол Фарге и Морис Сакс доаѓале во кафулето секој ден. Заедно со нив и Симон Сињоре, која напишала во своите мемоари: „Родена сум една вечер во 1041 година на клупа во Café de Flore.“

Овој локал бил синоним за слобода на многу писатели, уметници, филозофи и слично. После војната, кога Хемингвеј и Труман Капоте и авторот на „Доручек кај Тифани“, дошле далеку од Америка за да го запознаат и почувствуват ова место. Од тогаш станале редовни гости.

Сопственикот на кафулето на шала создал клуб PFC – Poilly Club of France, како име на шише бело вино, во кои членувале сите горенаведени.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.