BVLGARI MAN WOOD ESSENCE – совршената рамнотежа помеѓу природата и градот

0

„Сите ние сме во потрага по исто нешто. Ја сакаме динамиката и виталноста на градот, но исто така ја сакаме моќта на природата“ – Алберто Мориљас, креатор на парфеми.

Освојувајќи ја енергијата на природата на еден урбан маж во рамките на неговата околина, Bvlgari  ја претставува новата креација – Bvlgari Man Wood Essence, која што е прекрасно дополнување на Bvlgari Man колекцијата.

Повеќе од кога било во минатото, урбаните планери се враќаат на своите корени и инспирацијата ја бараат во основата на постоењето. Од „заздравување со шумска терапија“ до прекрасни пејсажи со модерна архитектура, тие одговараат на повикот на денешените зафатени урбанисти кои имаат потреба од симбиоза помеѓу природата и урбанизмот. Во новите градски зелени површини, современиот маж мора да се исклучи од бескрајните барања на градот – тој е подготвен повторно да се поврзе со суштината на неговиот живот.

Инспирирани од ова интимно поврзување со себе, целата таа енергија Bvlgari ја стави во шише создавајќи нов мирис наречен Bvlgari Man Wood Essence, уникатен потпис на креаторот на парфеми, Алберто Мориљас.

#CITIZENOFNATURE

Како граѓани на светот, ние сме првенствено граѓани на природата: таа е извор на целиот живот. Нејзината моќ е во срцето на суровата суштина на Bvlgari Man, претставена со интензивното присуство на дрво. Парфем која ја носи интензивноста на градот, Eau de Parfum ја докажува совршената рамнотежа помеѓу природата и градот – потсетник дека современиот маж е граѓанин на природата (#citizenofnature).

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.