Burberry Her – дизајниран за енергични жени со авантуристички дух

0

Burberry – бренд кој што постои од 1856 година, основан од визионерот Thomas Burberry, кој фокусот на почеток го насочил кон креирање облека која луѓето би ја носеле на отворено.

Тој е првиот човек кој на светот му го претстави габардинот, материјал кој не пропушта вода, а сепак дозволува телото да „дише“ во него. Burberry е оригиналното име на брендот, кое со текот на годините клиентите почнуваат да го нарекуваат „Burberrys of London“. Но, во 1999-тата, името е вратено и утврдено во оригинал и не е променето до денес.

Со текот на годините, брендот се шири во светот на модата и дизајнот, лансирајќи свои парфеми низ годините. Најновиот со потпис на овој луксузен британски бренд е Burberry Her, мирис со кој уште еднаш ја покажува својата уникатност и специфичност.

Burberry Her во светски рамки се лансираше во текот на септември 2018 година, и е првиот парфем кој го краси новото лого на Burberry.

Burberry Her е дизајниран за да го опфати младиот дух на креативната и еклектична метропола Лондон, духот што е жив, авантуристички и храбар. Цветно-овошната композиција со гурмански подтонови е потпишана од страна на Francis Kurkdjian. Десертнотo шумско овошје како топ нота е комбинирано со средните ноти на јасмин и љубичица и базата од дрвенести ноти и амбер.

Заштитно лице на парфемот е Cara Delavigne, која го претставува нејзиниот роден град.

Едноставна девојка со стил и позитивна енергија која е вечен оптимист, авантуристички дух и храброст карактеристична за луѓето кои живеат во Лондон.

Таа вели:

Тоа што најмногу го сакам во Лондон е ставот кој го има градот, луѓето кои што живеат овде не се плашат да го кажат своето мислење. Ова е местото каде што луѓето ги менуваат работите.“

Burberry Her парфемот може да се најде во три милитражи 30мл, 50мл и 100мл