Burberry Her Blossom, љубовно писмо, посвета на градот кој го обожаваат сите

0

Дали сте подготвени за лето исполнето со авантури, нови доживувања, мирис кој заведува и не остава никого рамнодушен?

Burberry Her Blossom парфем создаден да го да го опфати младиот дух на креативната и еклектична метропола Лондон, духот што е жив, авантуристички и храбар. Цветно-овошната композиција со гурмански подтонови е потпишана од страна на Francis Kurkdjian. Десертнотo шумско овошје како топ нота е комбинирано со средните ноти на јасмин и љубичица и базата од дрвенести ноти и амбер.

Заштитно лице на парфемот е Cara Delavigne, која го претставува нејзиниот роден град.

Едноставна девојка со стил и позитивна енергија која е вечен оптимист, авантуристички дух и храброст карактеристична за луѓето кои живеат во Лондон.

Таа вели:

Тоа што најмногу го сакам во Лондон е ставот кој го има градот, луѓето кои што живеат овде не се плашат да го кажат своето мислење. Ова е местото каде што луѓето ги менуваат работите.“

Парфем кој претставува љубовно писмо, посвета на градот кој го обожаваат сите – Лондон.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.