Бурано, најшарениот остров на светот

0

Речиси секој квадратен километар од Италија претставува прекрасно место кое ги воодушевува посетителите, а доказ за тоа е и необичниот остров Бурано. Имено, иако можеби станува збор за мал остров кој моментално брои 4.000 жители, островот Бурано е преполн со шарм, култура и многу бои! Куќите и сите останати објекти обоени во најразлични бои, го прават ова гратче едно од најпосетените и најфотографирани локации во прекрасната Италија.

burano-italy (5)

Легендарниот остров е изграден уште во далечната 1400 година, а денес е центар за гурманите. На улиците на Бурано може да се сретнат едни од најпрестижните ресторани и киосци за сладолед и млеко.

Обоен во шаренило и контраст, легендата за овој град вели дека боењето на фасадите започнало одамна, кога рибарите имале потреба да си ја распознаат куќата кога се враќале дома во мрачно или магловито време.

burano-italy (1)

Веќе со векови секое семејство во Бурано има своја „заштитна боја” на куќа, а денес доколку некој сака да го обои својот дом, тој мора да испрати барање до Владата, која што ќе му одреди која боја смее да ја користи.

burano-italy (10)

Покрај шарените куќички, островот е познат и по чипката. Жените од островот се експерти во работењето со чипка уште од четиринаесеттиот век, кога и станале познати, откако Леонардо да Винчи од нив ја купил ткаенината која е користена на олтарот кој се наоѓа во магичната градба Дуомо во Милано. burano-italy (9) burano-italy (6) burano-italy (3) burano-italy

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот