Брзо и едноставно: направете сами масло за сончање

0

Домашно масло за сончање се добива кога лековитите билки се мешаат со масло.

Со оглед на тоа што заштитниот фактор е околку 5, се препорачува да го користите кога кожата е веќе потемна или пак во текот на денот кога сончевите зраци се послаби. Од домашно подготвено масло, кожата ќе биде ќе биде нахранета и заштитена од зелените ореви, маслиновото масло и шаргарепата.

Шаргарепата е богата со бета-каротен и е оксидант кој ја штити кожата од УВ -зраците. Истражувањата покажуваат дека природниот бета-каротен е многу подобар и поздрав од синтетичкиот производ кој се користи во многу креми за сончање.
carrots-382686_640

Оревите изобилуваат со витамин Е, силен антиоксидант неопходен за здравјето и убавата кожа, а содржи, многу здрави масти поради кои делува и антиканцерогено.
walnuts-552975_640Маслиновото масло, поради високиот процент на незаситени масни киселини и витамини А и Е , помага за заштита од сонцето и е многу корисно за чувствителна кожа.
olive-oil-968657_640
Со оглед на тоа дека домашно подготвеното масло потребно е да отстои барем еден месец пред користење.

Состојки:
– 6/7 зелни ореви;
– голема свежа шаргарепа или две помали;
– маслиново масло;

Подготовка:
Скршете ги оревите на четвртона и ставете ги во тегла. Изрендајте шаргарепа и полијте со маслиново масло. Откако ќе помине месец дена смесата треба да се исцеди, а маслото ставете го во шише подготвено за користење.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар