Брзи крофнички со цимет

0

Состојки

500 гр. брашно
2 мали лажици пециво
1 1/2 мала лажица цимет
1 ванила
2 големи лажици шеќер
Прстофат сол
200 гр. кисело млеко
2 јајца

По потреба масло за пржење и малку брашно за посипување.

Подготовка:

Во еден сад се става киселото млеко и му се додава пецивото и се остава да се активира. На млекото му се додаваат јајцата и се промешува. Во течните состојки се ставаат останатите суви сосатојки и се замесува тесто, а тестото треба да е меко. Тестото се остава да одмори десетина минути. Се расукува кора со дебелина од околу 5мм и со модла се сечат кругови. Крофните се пржат во загреано масло.

Рецептот е преземен од moirecepti.mk

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот