Бруклин прогласи Ден на Кристофер Валас – Notorious BIG

0

Во саботата во Бруклин официјално беше донесено решението 21 мај, денот кога се родил Кристофер Валас, познат како  Notorious BIG, да биде прогласен за негов ден “Christopher ‘The Notorious BIG’ Wallace Day” и да се означува секоја година.

Инаку, 21 мај е денот кога е роден Notorious BIG. Тој се смета за еден од највлијателните музичари, рапери на сите времиња.

Во 1994 година го објави албумот “Ready to die” и благодарение на него стана централна фигура на хип-хоп сцената.

Албумот се искачи на 13 место на Билборд, а достигна и четирикратна  платиниумска продажба.

Во периодот кога почна да работи на вториот албум, во септември ‘95та, имаше пауза од 18 месеци заради повреда и правни проблеми со кои се соочуваше. Во тоа време, тој исто така работеше и со Мајкл Џексон за албумот HIStory.

Во март 1996 година беше уапсен заради закана за убиство. Прогласен е за виновен и му беше изречена казна од 100 часа општествена работа. Подоцна истата година, беше повторно уапсен, овојпат со обвинение  за поседување наркотични средства и оружје

За време на снимањето на “Life After Death” раперот доживеа сообраќајна несреќа која привремено го “врза” за инвалидска количка.

Валас во февруари 1997 година заминува за Лос Анџелес за да го промовира албумот во најава. Вечерта на 9 март е убиен возејќи во правец на музејот Петерсен Аутомотив. Кристофер седел на совозачкото седиште кога смртно бил застрелан од непознат напаѓач.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот