Бриж, Белгија – Бајка со мирис на чоколадо

0

Ако сте од оние личности кои отсекогаш посакувале да постои временска машина која ќе ве одведе во некое минато, бајковито време, оваа дестинација е вистинската за вас.

Бриж, Белгија – украсен со калдрмести тесни улички со средновековна автентична архитектура, тропот на коњски кочии и зашеметувачки мирис на Белгиско чоколадо.

Името го добил по старонорвешкиот збор Bryggia што во превод значи кеј. Вистински бисер во овој европски дел, град кој се спротивставил на изградбата на нови модерни објекти по Втората светска војна.

Бриж го носи прекарот Белгиска Венеција поради тесните канали кои се дел од овој град. Покрај убавината, Бриж нуди и многубројни продавници за чоколадо, локали со вкусно белгиско пиво и многу богата историја.

Топло ви ја препорачуваме оваа дестинација, особено во пролет, а доколку сакате да ја доживеете вистинската магија, поминете го целиот ден во обиколка на градот до вечерните часови. Искуството е незаменливо.

Центарот на градот се наоѓа на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.

Црквата на Пресвета Богородица (The Church of Our Lady) во Бриж, Белгија, која датира од 13тиот век.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар