Брилијантните идеи на Леонардо да Винчи

0

Низ историјата постоеле умови кои ден-денес воодушевуваат милиони луѓе со нивните писанија, слики, изуми и идеи. Еден таков ум е и Леонардо да Винчи. Леонардо да Винчи е роден во Винчи, село кое е сместено во зелените прегратки на Тоскана, на падините на планината Монте Албано, во непосредна близна на Емполи. Имал интереси за сликарсвото, техниката, архитектурата, хидротехниката, анатомијата… Во неговите бележници запишал неколку неверојатни идеи…

Дизајнот на Да Винчи за самодвижечки автомобил бил навистина револуционерен. Неговата дрвена „кола“ се движела со систем од запчаници и федери. Научниците во музеј во Фиренца направија реплика на овој дизајн во 2004 година и изненадувачки открија дека колата функционирала како што замислил Да Винчи.

Да Винчи не ги поддржувал воените конфликти, но тоа не го спречило да измисли ефикасни дизајни за топови. Тој направил топ со три цевки, кој требало да биде смртоносно оружје на бојното поле.

Живеејќи во Милано, каде беснеела чума, Да Винчи сонувал за поефикасен град. Неговите макети за градови се многу детални и вклучуваат и штали со соодветен систем за вентилација.

Да Винчи го нацртал совршениот човек според пропорциите поставени од Витрувиј, стар Римски архитект. Човекот на сликата со лут израз на лицето денес има голема причина за насмевка, тој се смета за една од најпрепознатливите фигури на планетата.

Неговата фантазија била исполнета со идеи за летачки машини, вклучувајќи неколку едрилици опремени со подвижни крила. Моделот на Леонардо бил опремен со седиште за пилотот, но не вклучува дизајн за заштитна кацига.

Неговата фасцинираност со морето побудила многу дизајни за олеснување на морските испитувања. Неговиот нуркачки костум бил направен од кожа, поврзан со цевка од трска и ѕвоно кое пловело на површината.

Да Винчи го сакал обратното пишување, па сите негови дневници се напишани обратно. Можеби топа било само трик за љубопитните луѓе да не можат да ги разберат неговите белешки, или пак начин да го спречи размачкувањето од мастилото при пишувањето со лева рака, но без разлика кои да се неговите мотиви, да Винчи останува еден од најмистериозните луѓе во историјата, секогаш интересен за истражување.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот