Бренда VS Кели – Брендон VS Дилан?

0

Децата и тинејџерите кои растеа во 90-тите години, не само што се сеќаваат на тв серијата „90 210 Беверли Хилс“, туку е до денес е една од омилените на нивната младост.

Хероите Брендон и Бренда, Кели, Дилан, Стив, Андреа, Дона и Дејвид и нивните животни случки, нè држеа пред телевизорот со нетрпение очекувајќи ја следната епизода која ќе се емитува следната недела, евентуално следниот ден. Девојките се поистоветуваа со Бренда и Кели, ривалитетот помеѓи нив кога Дилан стана момче на Кели, наместо да остане љубовта на Бренда, Андреа која беше заљубена во Брендон, кој пак ја сакаше само како пријателка, Брендон и неговите љубови во текот на сите сезони, Дона и Дејвид и вечната тема помеѓу нив: сексуалниот живот и на крај Стив, момчето кое сите го сакаа.

Всушност, приказната на серијата беше за животот на близнаците Брендон и Бренда Волш (Џејсон Присли и Шенон Доерти) кои се селат од Минесота во елитната населба Беверли Хилс. Таму ги запознаваат нивните пријатели, Брендон станува најдобар пријател со Дилан (Лук Пери), девојките Кели (Џени Гарт) и Дона (Тори Спелинг) ја примаат Бренда во своето друштво.

Серијата со години се наоѓа на листа на најдобри и најгледани серии во 90-тите, дали заради квалитетот или носталгијата, не е важно – важно е дека сите кои растевме со оваа серија засекогаш ќе ги сакаме ликовите и актерите кои што беа дел од неа.

Лук Пери, актерот кој ја имаше улогата на шармер и заводник, почина годинава, на 52 години како последица на мозочен удар. Последниве години беше актуелен со серијата на „Нетфликс“, „Ривердејл“, а постхумно ќе се појави и во новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“.

Да се потсетиме преку фотографии на серијата која одбележа една ера: