Бремена жена зад волан -да или не?

0

Ако прашате некој повозрасен ќе рече НИКАКО!! Но, ако прашате мајка со денешно темпо на живот сигурно би одговориле позитивно.

На прво место е безбедноста, затоа сите се извадени од памет кога ќе видат бремена жена зад волан. Веднаш се отвораат дискусии дали е со здрав разум или не,дали мисли на бебето, на неа, па што ако има сообраќајна и ред други прашања кои реално само ја тревожат мајката во најава.

Никој не ве тера да возите 90km/h кога ограничувањето е 60. Гледајте кога поминувате на семафор, па наместо на црвено, поминете за зелено како што налагаат правилата. На тој начин, веднаш помагате во зголемување на сопствената безбедност, а со тоа и на безбедноста на секоја трудница за д воланот, така?

А пак и неа не и лесно со сите акробации кои мора да ги направи за да влезе или излезе од автомобилот. Прво појасот кој секако и пречи, па мора да го позиционира под стомакот, кога ќе излегува исто так мора да внимава, како расте стомакот така седиштето оди поназад и и станува потесно, внимава кога излегува на воланот да се удри…

Прашањето околу безбедноста секогаш прво се однесува и на тоа дали бремени жени треба да носат појас бидејќи може да ги стега, да им биде неудобно и слично. Но, како што пишува и погоре, треба само да се позиционира под стомакот за да не пречи.

Некои гинеколози сметаат дека секогаш треба да се носи појасот заради безбедност и ‘не дај Боже’ ситуации. Други  не се согласуваат ниту со тоа трудницата да вози, а ниту да носи појас.

Ако жената има здрава бременост, без мачнини, вртоглавици и проблеми со притисокот, ако нејзиниот лекар не и забранил, и ако таа се чувствува способна за возење, во тој случај не треба да се ограничува. Претпазливоста мора да биде на повисоко ниво од порано. Брзање не е потребно, ништо нема да се случи ако задоцни некаде.

Во првиот момент кога ќе почувствувате проблем и тежина заради возењето, тогаш е време да го препуштите воланот на некој  друг и со лесно 🙂

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.